ЖивотУбави совети
Оваа несекојдневна салата може дa го замени ручекот!
Ако немате на ум што да подготвите за ручек оваа несекојдневна идеја за вкусна салата со пилешко месо и целер ќе ви се допадне.
Потребни состојки: 250гр пилешо бело месо (варено или печено по желба), 200гр обарен целер (исечкан на тенки стапчиња или коцки), 1 главица ситно исечкан кромид, сок од 1 лимон, сол, 75гр мелени или исечкани бадеми, 15 полнети маслинки и 200гр мајонез.
Измешајте си кромидот, пилешкото и целерот. прелијте ги со сокот од лимон, посолете и оставете ги еден час во фрижидер. Потоа додадете ги маслинките кои предходно ќе ги исечкате на тркалца, бадемите и се заедно измешајте со мајонезот. Оваа салата се серива преку листови марула. Обично се служи со двопек или затоплен леб со путер.