ЖивотУбави совети

Уживајте во секој залак: крцкаво полнето свинско!

Пригответе крцкаво полнето свинско и уживајте во секое залче!

Потребни состојки: 2 средни свински филеа, 3 јајца, 16 тенки листови печеница, 5 лажици кајмак, 150гр брашно, 200гр лебни трошки, масло, сол и црн пипер.

Приготвување: Свинското филе засечете го по должина, отворете го, па потоа истенчете го преку најлонска фолија со толчник. Добиените шницли пресечете ги на пола за да добиете вкупно четири мали шницли од двете филеа. Врз секоја шницла ставете по четири листови печеница, а во средината кајмак. Краевите на шницилте свиткајте ги кон средината па месото свиткајте го како ролат. Полнетите ролнички извалкајте ги во брашно, потоа во изматените јајца и на крајот во лебните трошки. Постапката на панирање (јајца – лебни трошки) повторете ја уште еднаш. Панираните свински ролнички пржете ги на врело масло се додека не заруменат.

Поврзани статии

Back to top button