Убави вести

Нов сингл на македонскиот бенд БДМ – најава за нивниот прв албум!

Македонската алтернативната денс група, БДМ, го промовира седмиот сингл, Keep All The Love.
Песната e во клубски и фестивалски звук, и како претходните песни на групата, донесе еден различен стил на музика во Македонија.
Новата песна на БДМ е во соработката со Дофеин, музичар со македонско потекло кој живее во странство. Дофеин е анонимен лик скриен зад маска, која е негов заштитен знак и изјави дека зад маската не стои човек, туку идеја.
За Keep All The Love, како и за сите претходни песни, момците од БДМ направија интересно видео.
Спотот го режираше Виктор Стоимиров, а е снимен во Мичиген, САД.
„Овој спот е продолжение на првиот спот на БДМ, за песната Lее, кој излезе пред точно три години на истиот овој датум.

Ова е трет спот што го снимаме Виктор и презадоволни сме од тоа како изгледаат нашите видеа, па затоа оваа соработка ќе продолжи и во иднина“, велат момците од БДМ.

Поврзани статии

Back to top button