Она што треба да биде наше ќе биде, а она што не е наше и на сила да го чуваме нема да ни донесе среќа!
Зошто да се биде љубоморен? Ако на некој ја дадеш својaта љубов, а тој некој не го цени и не го посакува тоа и наместо на тебе на друг ја дава сета љубов биди сигурен дека со љубомора и на сила нема да постигнеш ништо. На сила љубов не бидува. Ако заробиш некој со љубомора и со љубов нема да добиеш среќа. Успешни врски се градат само со доверба и љубов. Врската расте и опстанува само ако се храни со внимание, почит, доверба но без посесивност. Сеедно дали станува збор за љубовна или пријателска врска.
Па што е лекот? Секогаш кога ќе се обиде да ве обземе љубомора, кажете си: “Јас сум ослободен од кафезот на љубомората и стравот. Што треба да биде мое, тоа ќе биде мое; тоа што не е мое јас го пуштам! ” Тогаш ќе се ослободите од љубомора, страв и ќе имате прекрасен живот. Можете да бидете слободни. Она што треба да биде ваше ќе биде, а она што не е ваше и на сила да го чувате нема да ви донесе среќа.
Среќата доаѓа од нас самите, наместо да ја бараме во други личности треба прво да ја пронајдеме во себе. Давајте љубов и искрено пријателство без да очекувате нешто за возврат. Очекувањата ќе ве разочараат. И, кога се трудите да се подобрите себе си и да ја зголемите својата среќа правете го тоа сами, нека не зависи вашето расположение од другите. Бидете ведри и насмеани, не цмиздрете ако ве оставил саканиот, не очајувајте. Секој сака среќен, задоволен и реализиран партнер. Не смеете да зависите од никој, никогаш!