Толку брзо го засакав, иако тој не правеше ништо посебно за да ми се допадне…
Зошто е толку сурова судбината? Зарем ќе има ден кога ќе бидам среќна и нема да чувствувам страв? Зарем секогаш ќе бидам јас повредената? Нема да го пронајдам одговорот на овие прашања.Толку брзо го засакав, иако тој не правеше ништо посебно за да ми се допадне. И во тој момент, срцето ми чукаше како да ќе ми излеташе низ гради исто како и кога го видов таа ноќ. Ноќта на први април која требаше да ја поминам не мислејќи на никој и ништо, забавувајки се со најблиските другарки. Но, таму беше и тој.
Да, многу се изненадив, толку многу се израдував што за момент се заборавив, само ги ставив рацете на лицето и се насмевнав. Додека јас како будала со полни очи љубов го гледав тој се правеше дека не ме забележува. Тогаш сфатив дека нему не сум му потребна за да биде среќен. Зарем толку е лесно да заминеш без ниту еден збор? Очекував повеќе од тебе. Очекував како возрасен да ми ја кажеш причината. Што и да беше причината, ќе те разберев и верувам дека немаше да ми е толку тешко како што ми е сега. И не можам да се навикнам без тебе. Не можам да те замислам во прегратките на друга, но ќе издржам.
И кога тишината ќе ме обземе и кога мракот ќе падне јас ќе мислам на тебе. Ќе мислам на нашите пораки кои веќе ги нема, солзите една по една ќе паѓаат по моето лице. Но, секој нареден ден ке бидам се појака, никогаш нема да дозволам пак да ме повредиш. Јас заслужувам повеќе внимание и љубов од онаа што ти можеш да ми ја пружиш. И не те обвинувам за ништо. Јас никогаш нема да те заборавам и покрај се ќе те памтам по убавите зборови кои се уште ми го топлат срцето.
Р. П.
- Текстот ни го испрати наша редовна читателка. Испратете и вие свој текст на info@ubavo.mk