Од насУбави муабети
Да бегаш од љубов е исто како да бегаш од себе…
Kога бегаш од љубов е исто како да бегаш од себе. Oд љубов бегаат само оние кои се слаби, плашливи и неодлучни. Оние кои се плашат од љубовта се плашат и од животот. Па тогаш зошто го живеат? Или, не, не го живеат, тие само го преживуваат залажувајќи се дека живеат. Љубовта умее да боли, да предизвика солзи, да отвори рани па на нив и сол да стави. Но, не е љубов ако не боли. Не е љубов само кога цветаат рози, понекогаш мора и да боцкаат трња. Се тоа е убаво, се тоа е она за кое треба да живееме. Секоја болка за наше добро е, секој страв да се надмине неопходно е. И не можам, не можам да ги разберам луѓето кои бегаат од љубов само од страв да не бидат оставени, повредени или измамени…