ЖивотУбави совети

Неделен хороскоп {26.06 – 02.07}

Што велат ѕвездите за неделата што е пред нас?

ОВЕН

Овните оваа недела постојано ќе им наоѓаат маани на партнерите и ќе чекаат причина за кавга. Пробајте вашата напнатост да ја намалите со билни чаеви, медитација и долги пешачења. Внимавајте на секој збор бидејќи зборовите тешко се забораваат.

БИК

Оваа недела за вас нема да донесе некои големи промени. Работите ќе се одвиваат добро и ќе ви се чини дека конечно сте свои на своето. Најдете време за добра книга, за усовршување или запишете некој курс. Потсетувајте го партнерот дека го сакате многу.

БЛИЗНАЦИ

Ви се чини дека постојат прашања без одговори. Но, не е така. Вдишете длабоко и обидете се да најдете решение за сите дилеми. Потпрете се на мислењето на партнерот бидејќи периодов тој ќе ви биде најголемата морална поддршка.

РАК

Оваа недела ќе сакате добро да се забавувате. Ќе бидете главен организатор на сите друштвени и фамилијарни собири. Но, внимавајте со алкохолот и прејадувањето. Кон крајот на неделата, можни се проблеми со желудникот.

ЛАВ

Забавете малку оваа недела и посветете се на себеси. Вашите тело и ум се премногу уморни, па нема да биде лошо доколку се трудите повеќе да одморате, да земате витамини и да направите крвна слика. Немојте да влегувате во конфликти бидејќи сте напнати.

ДЕВИЦА

Девиците оваа недела ќе сакаат што повеќе време да се сами, во мир и тишина, размислувајќи за следните деловни и љубовни потези. Многу од нив ќе одлучат и да ги прекинат долгогодишните врски поради проблеми кои се создавале, а тие ги премолчувале.

ВАГА

Ќе чувствувате дека имате сила да ги исполните своите соништа. Многу Ваги оваа недела ќе размислуват за промена на работното место или започнување на свој бизнис. Што и да одлучите, ќе биде успешна одлука!

СКОРПИЈА

Ако ви се чини дека сте незапирливи, верувајте дека е така! Оваа недела ќе бидете полни со енергија и ќе сакате да направите баш се: да ги завршите сите работни обврски, да се дружите со саканите, да одите на шопинг, да поминете викенд надвор од градот. Само внимавајте да не си ја исцедите енергијата само во неколку дена.

СТРЕЛЕЦ

По ситните караници со партнерот, оваа недела ќе може да уживате во хармонија и ќе сакате да поминувате што повеќе време заедно. На работно место нема да има големи промени и ќе имате чувство дека сте заглавиле во монотонија од која нема излез.

ЈАРЕЦ

Борете се за своите права! Ако не вие, кој друг? Престанете да се нервирате во тишина за сите проблеми кои ги имате на работното место и кажете гласно и јасно што ви смета. Атмосферата во домот ќе ве релаксира, па трудете се што повеќе време да минувате таму.

ВОДОЛИЈА

На сите сингл Водолии оваа недела среќата ќе им се насмевне. Големи се шансите да запознаете некоја личност која ќе ве освои на прв поглед. Но, пред да одлучите да влетате во врска, размислете добро за другата личност и дали таа е она што навистина го барате од еден партнер.

РИБИ

За Рибите оваа недела ќе биде доста стресна. Во четирите работни дена ќе водат борба со времето, работните задачи и домашните обврски. Но, запомнете дека мора да се организирате подобро. Можна е средба со една личност од минатото која не сте ја очекувале и ќе ве збуни.

Поврзани статии

Back to top button