ЖивотУбави совети

Неделен хороскоп {08.05 -15.05}

Што предвидува хороскопот за неделата што ни доаѓа?

ОВЕН

Оваа недела кончено ќе имате чувство дека сте мрднале од мртвата точка и дека многу ваши проблеми ќе добијат разрешница. Периодов единствено не е поволен за започнување на нова љубовна врска. Ќе имате наплив на енергија, па ќе почнете да се занимавате со некој спорт.

БИК

Биковите оваа недела ги очекуваат големи промени на љубовен план. Некои ќе започнат заеднички живот со партнерот, други ќе успеат да си го спасат бракот, трети ќе раскинат. Бидете само смирени и обидете се да ги контролирате емоциите. Можни се главоболки и проблеми со желудникот.

БЛИЗНАЦИ

Ќе уживате во доста интересна недела, исполнета со дружење, запознавање на нови луѓе и многу нови контакти. Некои Близанци оваа недела кончено ќе ја добијаат работата која многу долго ја посакувале. Вљубените припадници на овој знак ќе уживаат во заедничките вечери со партнерот. Одморете го организмот од алкохол и цигари.

РАК

Нема потреба од многу грижи и онака со анксиозност не ги решавате проблемите, туку само создавате нови. Сконцентрирајте се на работното место и внимавајте да не направите некоја грешка. Многу од Раковите оваа недела ќе бидат во потрага на партнер, но нема да успеат во тоа, бидејќи ќе го бараат на погрешно место.

ЛАВ

Бидете внимателни со зборовите и постапките, бидејќи големи се шансите да бидете погрешно сфатени. Поработете на вашите врски, без разлика дали се деловни, пријателски или љубовни. Секоја врска подразбира компромис, па бидете спремни за тоа. Прошетки во природа и време за размислување добро ќе ви дојдат.

ДЕВИЦА

Неделава, ќе успеете да решите некоја дилема која долго ве мачела. На работното место, тргајте се подалеку од озборувачите. Вљубените Девици ќе имаат ситни проблеми во врската кои ќе ја направат истата уште поцврста. Внимавајте на исхраната и потрудете се да внесувате што повеќе витамини.

ВАГА

Сингл Вагите повторно се преокупирани со моментот дека се сами. Но, со тоа што форсирате врски и средби кои и баш немаат иднина, само си правите штета. Пуштете времето да ви даде некои одговори. На деловен план, ве очекува мирна работна недела, без многу обврски и стрес.

СКОРПИЈА

Скорпиите ќе се обидуваат да добијат некоја важна информација која во иднина ќе им биде од корист, но тешко ќе стигнат до неа. Немојте да го запоставувате партнерот поради деловни обврски и лоша организираност на времето. Најдете начин за заедничка релаксација или хоби. Одете на пливање или масажа заедно и обновете ја страста.

СТРЕЛЕЦ

Оваа недела ќе сакате да им помогнете на другите, но некои тоа може да го злоупотребат, па затоа бидете внимателни на кого му помагате. Во текот на следните седум дена ве очекуваат многу романтични моменти со партнерот, уживајте максимално во нив. Најдете време за добра книга и опуштете се.

ЈАРЕЦ

Јарците оваа недела ќе бидат фокусирани на семејството и се што се случува во домот. Многу од нив ќе бидат мрзеливи и ќе си допуштат и по некој слободен ден од на работа. Сингл Јарците оваа недела ќе имаат добра прилика за започнување на љубовна врска која ќе трае долго. Можни се проблеми со притисокот.

ВОДОЛИЈА

Водолиите оваа недела ќе блеснат во сиот сјај и секаде ќе бидат забележувани. Мажите ќе направат промени во начинот на облекување, жените Водолии ќе бидат опсипувани со внимание и комплименти. На деловен план ве очекуваат само пофалби од претпоставените. Заменете ги диетите со спорт доколку навистина сакате да ја намалите телесната тежина.

РИБИ

Рибите оваа недела ги очекува патување надвор од градот или земјата, поради деловни обврски. За некои од Рибите, ова патување ќе биде пресудно бидејќи би можело да запознаат личност со која би оствариле љубовна врска. Што и да правите оваа недела, ќе имате голема поддршка од семејството.Повозрасните припадници на овој знак би можело да имаат проблеми со настинска, па бидете внимателни.

Поврзани статии

Back to top button