ЖивотУбави совети

Три најдобри есенцијални масла за младешки изглед на кожата

Веројатно веќе сте ја откриле магијата што се крие во есенцијалните масла кога станува збор за вашето здравје.

Можеби сте имале можност да испробате некои од овие масла на скалпот како третман за нега на скалп и побрз раст на косата. Многу од нив помагаат за коса која ја изгубила својата влажност да биде видливо помека, еластична и помалку склона кон првут.

Но, дали есенцијалните масла одлично делуваат и врз кожата? Кој е нивниот ефект кога станува збор за брчките?

Бројни козметички производи кои можете да ги најдете на пазарот се создадени со цел да ги избришете брчките од вашето лице. Сепак, многу е веројатно на некои од состојките во нив да бидете особено чувствителни и да и нанесат многу поголема штета на вашата кожа отколку што ќе имате корист од нив. Во овој поглед, пожелно е да се побара поприроден лек за елиминирање на брчките на лицето. Нашата денешна препорака се есенцијални масла.

Кога станува збор за намалување на брчките на лицето, есенцијалните масла се на врвот на најефикасните производи. Извлечени се од цвеќињата и корените на растенијата и се полни со антиоксиданти, што природно ви обезбедува затегнување на кожата, односно пеглање на брчки. Во следните редови ви претставуваме масла кои докажано ги елиминираат брчките на лицето:

Есенцијално масло од лаванда – Ова масло е извлечено од цвеќе од лаванда и има силни антиинфламаторни, антимикробни и антиоксидантни својства. Користејќи есенцијално масло од лаванда, вашата кожа ќе стане видливо помека, помазна и затегната, како и заштитена од бактериски и габични инфекции. Исто така, ако имате лузни или изгореници на лицето, тие ќе бидат ефикасно отстранети. Покрај тоа, ова масло го намалува стресот затоа што има ароматерапевтски својства, што има многу позитивно влијание врз состојбата на кожата.

Есенцијално масло од лимон – Ова масло е исклучително богато со антиоксиданти кои ги неутрализираат слободните радикали и ја штитат кожата од оксидативен стрес. Содржи киселини и алфа-токоферол – многу ефикасна состојка во борбата против стареењето. Есенцијалното масло од лимон содржи и глутатион, кој ја зајакнува клеточната одбрана и ги елиминира трагите од сонцето на вашето лице. Редовната примена на масло од лимон на кожата на лицето и вратот придонесува за нивниот младешки изглед и спречува предвремено појавување на брчки.

Есенцијално малсо од рузмарин – Маслото од рузмарин содржи антибактериски својства и може да излечи кожни заболувања како што се дерамтитис и егзема. Тој е исто така одговорен за одржување на целокупното здравје на кожата. Го спречува оксидативниот стрес, кој е една од главните причини за стареење на кожата. Екстрактите од рузмарин покажуваат силни антиоксидантни активности кои спречуваат промени во природните липиди на површината на кожата и го одложуваат нејзиното стареење.

Поврзани статии

Back to top button