ЖивотУбави совети

Негувајте ги ноктите!

За да бидат рацете убави, не заборавајте ја негата на ноктите. Ноктите говорат за тоа каков тип на жена сте. Секогаш одржувајте ја хигиената на високо ниво. Не дозволувајте да шетате со излупен лак или со нечисти нокти.

Никогаш не употребувајте турпија за нокти непосредно по капење. Токму тогаш ноктите се најкревки и лесно се кршат. Не грицкајте ги никогаш ноктите и заноктиците. Редовно мијте и ги добро бришете ги рацете. Кршливите нокти ќе бидат поцврсти ако редовно ги премачкувате со маслиново или бадемово масло. Ноктите кои пожолтеле од никотин два пати дневно истријте ги со парче вата натопено со сок од лимон. Ако ноктите ви се широки, премачкајте ги со потемен лак така што од страните ќе оставите тенки ленти необоен нокт, па ќе изгледаат потесни. Засушениот лак не растворајте го со ацетон, така ќе стане премногу редок и лесно ќе пука. Ако веќе морате да го разредите тоа направете го со неколку капки алкохол.

Лакот за нокти ќе биде посјаен, погуст и побрзо ќе се суши ако го намачкате на ноктите дури откако сте го потопиле во сад со топла вода. Шишенцето мора да биде добро затворено.

Поврзани статии

Back to top button