ЖивотУбави совети

Подгответе вкусен ролат од мелено месо!

Денешниот рецепт е навистина лесен за подготовка а нуди вкус на кој ретко некој ќе може да одолее…

Потребни состојки: 400 гр мелено месо (половона свинксо – половина телешко), 5 тенки парчиња сланина, 1 лажица рендан пармезан, 1 јајце, свеж магдонос, оригано, 3 лажици масло и сол.

Подготовка: Измешајте го месото со јајцето, додадете сол, 1 лажица исечкан магдонос и пармезан. Смесата префрлете ја на намастена хартија за печење и со рацете распоредете ја во вид на правоаголник со дебелина на 1 цм. Врз месото наредете ги парлињата сланина и со помош на хартијата завиткајте ролат. Префрлете го ролатот на тава поставена со хартија и печете го на 180 степени околу 35 минути. сервирајте го ролатот исечен на парчиња и декорирајте го со свеж магдонос.

Поврзани статии

Back to top button