На прозорецот во домот одгледувајте ѓумбир
Ако не го замислувате животот без ѓумбир, обидете се да го одгледувате на вашиот прозорец. Ова ќе ви заштеди многу пари и секогаш ќе имате свежи корени ѓумбир.
Лековитите својства на ѓумбирот веќе сите добро ги знаеме, многумина од нас го користат редовно. Тој е многу корисен за зајакнување на имунитетот и е доста ефикасен во борбата против вирусните инфекции. Но, во исто време, ѓумбирот е прилично скап корен.
За да избегнете трошење пари за купување, обидете се да го одгледувате на вашиот прозорец. Така ќе уживате секогаш во бенефициите на овој чудесен плод.
Важно е да се знае дека вегетативниот период на ова растение трае 8-10 месеци. Корен од ѓумбир се сади во март-април. Пред садењето, коренот треба да се издлаби. Потоа, ставете го во слаб раствор на вода и хиперманган (калиум перманганат, купен во аптека) и оставете го таму неколку часа. Потоа ставете го во најлон кеса додека коренот не изрти, како компир. После тоа, поделете го коренот на неколку делови, од кои секој дел мора да има најмалку еденна добро изртена пупка. Засадете ги овие делови во плитки, но широки саксии исполнети со 1: 1: 1/2 почва, хумус и песок. Првите листови треба да се појават за 1-2 месеци. Под добри услови, листовите можат да достигнат и до еден метар во висина. Во есен, кога лисјата ќе се исушат, извадете го коренот, исчистете го од земја и чувајте го на суво место. Можете да користите еден дел од корените за храна или пијалок, а другиот дел да го чувате до следната сезона и да го засадите на ист начин.
Свежиот ѓумбир чувајте го на долната полица во вашиот фрижидер околу еден месец, а исушениот (во прав) може да трае околу 4 месеци.