ЖивотУбави совети

Овие реченици избегнувајте ги доколку сакате љубовта да ви чекори по здрав и сигурен пат!

Научно е докажано дека луѓето се осетливи на негативни зборови и постапки, дека тие оставаат подлабоки сеќавања и дека се паметат подолго од позитивните. Колку повеќе ја сакате личноста која ви се обраќа толку повеќе им давате на значење на тие зборови кои ги изговара.

Народно кажано, во врската со партнерот најдобро е да изградите однос во кои ќе преовладуваат позитивни мисли и дела. Всушност постои и точна формула, одностот треба да биде 5:1, во корист на позитивните зборови и дела доколку сакате вашата љубов да се развива на правилен и дбар начин.

“Потребно е да бидеме постојано активни во правењето голема перница на топлина и поддршка, со цел да се избегнат и намалат суровите моменти и неизбежните неуспеси…”

Љубовните терапевти велат дека најважно е да заборавите на овие три реченици кои ќе влијаат негативно на односот долго од кога ќе бидат изговорени:

Да ме сакаш, ти би направил…

Зошто не е како на почетокот…

Се однесуваш исто како твојот татко (или било кој друг член од семејството)

Овие реченици ќе го нарушат односот, бидејќи навистина дбираат до личноста и умеат да болат.

Љубовта е тешка работа, но најважно е да научите заедно да работите против искушенијата и предизвиците, а не еден против друг.

Поврзани статии

Back to top button