ЖивотУбави совети

Најлесниот рецепт за брза пита со блитва!

Ова јадење е идеален избор за појадок или вечера, но можете да го послужите и како празнично предјадење.

Состојки:
500 гр готови кори
4 јајца
4 снопчиња блитва
1 лажичка прашок за пециво
500 гр меко сирење
100 гр кајмак
1 дл масло
1 дл јогурт

Подготовка:
Блитвата бланширајте ја и ситно исечкајте ја. Во длабок сад изматете ги јајцата, додајте ги сирењето, кајмакот, прашокот за пециво, јогуртот и маслото и сè убаво изматете, па додадете ја сечканата блитва. Кајмакот е она што на овој рецепт ќе му даде посебен вкус. Плехот намачкајте го со масло, спуштете ја првата кора, попрскајте ја со малку масло, а потоа врз неа ставете ја втората. На ред е Фил. Втората кора премачкајте ја со филот, па преклопете ја со нова кора. Наредете ги корите така што се премачкуваат со фил од сирење и блитва додека не се потроши целиот материјал. Задолжително оставете две-три кори за да ја покриете питата. Кога ќе ја завршите процедурата, исечете ја питата со остар нож, па последната кора прелијте со малку масло и посипете ја со малку млака вода. Загрејте ја рерната на 200 степени и печете ја питата 45 минути.

Поврзани статии

Back to top button