ЖивотУбави совети

Едноставен трик за исправување на косата без пегла или фен

За овој трик ви требаат само шноли. И секако четка, за претходно добро да ја исчешлате косата.

Првиот чекор е да ја измиете косата. Се препорачува после тоа да не користите разни препарати, можно е да нанесете специфично масло за коса за да и дадете свежина и сјај на вашата коса. После тоа добро ја четкате косата. Особено ако вашата коса е густа и има поголеми локни. Кога ќе го завршите тоа, ќе направите „коњско опавче“, внимавајќи делот во коренот да биде добро исчешлан, затегнат и исправен.

Ќе почекате околу еден час, косата да ви се исуши, а потоа повторно ќе ја чешлате прамен по прамен и ќе ја закачите со шноли, за праменот буквално да ви се завитка околу главата и да ви се „залепи“.

Кога ќе направите „турбан“ од вашата коса, можете да ја завиткате главата во маица и да преспиете преку ноќ.

И наутро – совршен резултат! Целосно права коса со природен волумен.

Поврзани статии

Back to top button