ЖивотУбави совети

Највкусната чоколадна торта без печење

Еве го рецептот за највкусната чоколадна торта кој воопшто не е комплициран.

Состојки

За кексот:
300 г. мелени чајни колачи
100 г. мелени лешници
1 лажица како во прав
180 г. путер
За чоколадниот мус:
300 г. чоколадо за готвење
100 г. маргарин
100 мл. вода
6 јајца
3 лажици шеќер

Подготовка:

Путерот растопете го на тивок оган. Во голем сад измешајте ги мелените чајни колачи, лешниците, какаото во прав и растопениот путер. Мешајте се додека смесата не се изедначи. Ставете ја смесата во калап за колачи, добро притиснете ја и ставете ја во фрижидер додека го подготвувате мусот. Чоколадото и маргаринот заедно со водата загревајте ги на тивок оган се додека не се стопат. Откако ќе се стопат додавајте по една шолчка од јајцата и матете со миксер, па повторете ја постапката со секоја жолчка. Во друг сад, изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот се додека не добиете цврст шлаг. Потоа, во чоколадната смеса, по малку додавајте од шлагот и мешајте полека се додека не добиете чоколаден мус, без грутки. Мусот ставете го во калапот, врз кекс подлогата. Оставете ја тортата во фрижидер преку ноќ или неколку часа во замрзнувач за да се зацврсти мусот.

 

Поврзани статии

Back to top button