ЖивотУбави совети

Насмевката на бебето е најважна за мајката!

Мајките би го направиле и невозможното за да ги видат своите малечки насмеани. Но, од таа насмевка, не само што бебето ќе биде добро расположено туку и мајката. Научниците сега потврдија дека детската насмевка има позитивно влијание врз организмот на мајката.

Италијански имунолози преку серија на истражувања и набљудувања утврдиле дека кога бебето се смее, кај мајката се активира мозочниот дел за уживање, а со самото тоа се намалува стресот во организмот и се подобрува имунолошкиот систем. Истражувањето кое било спроведено на неколку илјади мајки и бебиња потврдило дека оние бебиња кои често се смеат прават нивните мајки поретко да се разболуваат од инфекции на организмот.

Поврзани статии

Back to top button