ЖивотУбави совети

Намалете го ризикот од хронични болести

Доколку сакате да бидете здрави, да изгледате добро и во кондиција да сте секојдневно, тогаш дефинитивно вежбањето мора да биде приоритет на вашата листа на обврски.

Претседателот на Одделот за кинезиологија на Универзитетот Мак-Мастер во Онтарио, објаснил како тренингот треба да се одвива доколку сакате да влијаете врз здравјето.

“Тоа е компромис помеѓу времетраењето и интензитетот”, вели тој.

На пример, можно е да потрошите повеќе енергија со вршење на активност со повисок интензитет, како што е трчање по скалите 10 минути, отколку ако трчате со бавно темпо половина час.

Тој стави акцент на кардио вежбите, поточно на кардиореспираторниот систем, кој го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Овој тип на тренинг бил спроведен на универзитетот, каде што учесниците практикувале ваков тренинг три пати неделно шест недели.

Го намалиле ризикот од хронична болест и смрт за 15 проценти! 

Можете да креирате тренинг со трчање на отворено или возење на велосипед. загрејте се две минути со умерено темпо. Потоа трчајте брзо, колку што е можно побрзо 20 секунди и потоа 2 минути за одмор. Ова е прва серија. Истата постапка повторете ја три пати.

 

Поврзани статии

Back to top button