ЖивотУбави совети

Што гледате кога гледате во огледалото?

Младото лице што некогаш сте го гледале сега е “нападнато” од брчки и е со опуштена кожа? Славна личност, шминка-уметник и дизајнерката на козметичка линија Боби Браун има неколку совети со помош на кои може да се запре времето и да му дадете на вашето лице помлад изглед користејки вистински нијанси.

Дали знаете каков тип на кожа имате?

Користење на погрешна козметика може негативно да влијае на убавината на вашето лице. Проверете каква кожа имате и според тоа користете соодветна крема.
Користејќи ги вистинските производи под шминката таа ќе трае подолго време.

Избегнувајте црвен кармин

Боби Браун има поминато повеќе од 30 години во козметичката индустрија и знае што им е потребно на жените за да изгледаат подобро и помлади. Таа ги охрабрува жените кои веќе не се во 30-тите да заборават на црвен кармин, и препорачува свежи нијанси на кафено розеникава боја.

“Избришете” ги темните кругови под очите и подмладете се

Боби советува секојдневна употреба на коректорот, кој може да го трансформира изгледот на и околу окото. Коректор прави свеж и одморен изглед и успешно ги крие темните кругови.

Ноќната крема е задолжителна

По завршувањето на 30 години, треба да ја негувате кожата на лицето и со ноќна крема. Истражувањата покажале дека способноста на кожата да ги апсорбира активните состојки на кремот е зголемена во текот на ноќта. Додека спиеме, кожата добива повеќе влага и важно е да се компензира изгубената хидратација во ова време. Активните состојки на кремот апсорбираат, ја негуваат кожата на лицето и ја поправаат штетата предизвикана од слободните радикали, шминка, нечист воздух или сончеви зраци.

Поврзани статии

Back to top button