Од васУбави муабети

Ме боли кога читам за љубовта кон роденото дете, оти не можам да го имам!

На неколку пати зачекувам статии од многу портали како е прекрасно да се има дете. Читам дека мајките со деца се благословени. Дека љубовта кон детето е нешто што не се опишува. Дека среќата е само во децата. Дека без дете животот не е вреден за живеење. Во ред е се тоа, не велам не. Не знам многу, се уште немам свое дете. Само едно ќе кажам. Размислете!

Од секогаш постоеле жени кои водат борба со неплодност. Денес да не кажам секоја втора но секоја трета жена има проблем и од одредени здравствени причини не може да има свое дете. Таквите жени чекорат по тежок и тажен пат. Можете ли да претпоставите колкава болка имаат? Што им се случува? Уште вашите секојдневни изјави и изливи на љубов им се потребни. Не велам да не се пишува на таа тема, напротив, зошто да не, но, не мора секојдневно и баш насекаде тоа па тоа. Не ја правете судбината нечија уште потешка. Голем дел од нив и онака често посетуваат здравствени установи и се борат да дојдат до тоа прекрасно чувство.

Долг е патот на тие жени, гледајте како можете да олесните. Не значи дека не се благословени, и за нив има убави нешта. Не значи дека не знаат што е љубов. Можеби иако се трудат никогаш нема да имаат свое дете, па тоа не значи дека животот им е безвреден.

Поврзани статии

Back to top button