ЖивотУбави совети

Менструацијата може да покаже колку долго ќе живеете, откриваат научниците

Едно истражување на Универзитетот во Сан Диего, чии резултати беа објавени во списанието „Menopause“, ги проучуваше податоците на 16 илјади жени во менопауза.

Меѓу испитаниците кои првата менструација ја добиле на 12 и повеќе години, а влегле во менопауза на 50 и повеќе години, најмногу имало оние кои доживеале 90 години.

„Откривме дека жените кои до подоцна имаат менструација имаат помалку здравствени проблеми, како што е коронарна срцева болест, а жените кои подоцна влегуваат во менопауза имаат поголема веројатност да имаат одлично здравје, што може да ги објасни нашите наоди“, вели авторот на студијата Аладин Шадијаб.

Меѓу жените кои до подоцна имале менструација и подоцна влегле во менопауза, имало и помалку пушачи и историја на дијабетес.

Авторите на студијата истакнуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди точно зошто постои оваа врска, но и од претходните истражувања е јасно дека здравите навики и здравата менструација значат долг и здрав живот.

Поврзани статии

Back to top button