ЖивотУбави совети

Мека торта од шпагети

Подгответе невообичаен оброк. Подгответе нешто вкусно за вас и вашите најблиски.

Потребни состојки: 250гр шпагети, 2 јајца, 2 тиквички, 6 лажици пармезан, 1,5 дл млеко, чешне лук, 20гр брашно, половина чаша зеленлукова супа, 2 лажици павлака, 3 лажици презла, путер, 4 лажици маслиново масло, 1 лимон, сол и црн пипер.

Излупете ги тиквиците и исечкајте ги на тенки парчиња. Ставете ги во вода зачинета со сок од лимон. На загреано маслиново масло пропржете го исечканиот лук. Додадете ги исцедените и исушените тиквички. Посолете и пржете ги околу 10 минути на тивок оган. На страна тргнете една четвртина од тиквиците. Додајте ја презлата на оние тиквици кои останаа во тавата и мешајте ги на тивок оган. Додајте го млекото и варете се заедно уште некоја минута. Додајте 5 лажици пармезан. Исклучете го огнот и по неколку минути додадете ги двете жолчки. Намастете и посипете со презла калап со високи рабови со дијаметар 16цм. Сварете ги тестенините, процедете ги и оладете ги под млаз ладна вода. Додајте ги во смесата. Додајте ги и белките кои прво ќе ги изматите со миксер. Измешајте се заедно и префрлете во калапот за печење. Печете ја солената торта околу 45 минути на 170 степени. Изматете ги тиквичките кои ги оставивте настрана со супата од зеленчук и останатиот пармезан. додадете ја павлаката и оставете ја смесата да зоврие за да добиете густ сос . Сервирајте ја тортата со сосот. Наздравје.

Поврзани статии

Back to top button