Од насУбави муабети

Мајко, ти си моја најверна пријателка, моја утеха и мое се!

Мамо, ти благодарам за животот, за нежностите, за сите прегратки и бакнежи, за пријателството и за сите непреспиени заеднички ноќи.

Ти благодарам што ме научи да гледам на светот со ширум отворени очи, да знам да ги почитувам и прифаќам различностите, да бидам верен пријател како што си ми ти на мене. Ти направи добра личност од мене, ти благодарам бескрајно многу.

Ти, само ти никогаш не ја изгуби вербата во мене. Само поради тебе сум среќна на секое поле во животот, оти ти ме научи како се живее, твоите издигнувања и падови се моите најважни лекции. Од мали нозе ме научи колку вредам и како да се почитувам сама себе си, благодарение на тебе сега имам мал број искрени пријателства, што во ова време е баш тешко. Ме научи да препознавам, да правам разлики и да љубам со цело срце. Ме љубиш така целиот мој живот, ти си мојата најверна пријателка, мојата утеха и моето се!

Бескрајно сум ти благодарна, бескрајно те сакам и сум најсреќна што те имам. Ти ме донесе на овој свет, ти се грижиш за мене целиот мој живот. Сега е на мене ред, јас ќе се грижам и ќе се трудам староста во среќа и спокој да ти минува.

Поврзани статии

Back to top button