ЖивотУбави совети

Мажите понекогаш намерно прават некои работи, смислено и со цел да ги нервираат жените!

Да се разбереме уште на почеток – и девојките намерно ги прават машките љубоморни, затоа овој пат нема да им судиме за неколкуте сити финти со чија помош пробуваат да го зачуаат нашето внимание, туку само ќе ги разоткреме.

Повеќето од овие ситуации ќе ви бидат веќе познати. Можеби сте се сомневале, но не сте знаеле дека машките тоа го прават намерно. Доколку сте приметиле некои од овие ситуации, да знаете дека се во прашање манипулативни трикови.

Често споменување на бившата девојка – Доколку вашиот партенер секоја новонастаната ситуација ја споредува со ситуација која ја доживеал со бившата девојка е знак дека сака да ве направи љубоморна. Нема потреба да се плашите дека сакал да каже дека таа е подобра од вас.

Често се допишува со некого – Со оваа ситуација би требало да се биде внимателен, посебно денес кога разменувањето на пораки со тотални странци е во тренд и сосема нормално. Доколку го фатите како често е на телефон и мистериозно се допишува со некој не мора да значи дека има друга девојка, ниту пак дека се допишува со бившата, најверојатно има група на Viber во која се допишува со другарите.

Два пати неделно игра фудбал- За девојките е сосема не сфатливо зошто машките два пати неделно одат да трчаат по топка, а уште понесфатливо нивното седење испотени после тоа на пијачка. Најчесто жените мислат дека мажите ги лажат, но не е така, они не би се откажале од тој ритуал за ништо на светот.

Се врти по други девојки – Кога ќе видите дека вашиот дечко ќе се сврти по згодна плавушна на улица, секак дека тоа не е знак дека престанал да ве сака. Тоа е вусшност трик со кој сака да ви даде до знаење да не се опуштате затоа што опсаноста е тука некаде. Но секако дека е свесен дека тоа е само трик.

Поврзани статии

Back to top button