МодаУбави совети

Со помош на модни додатоци изгледајте до 5 години помладо

Додатоците може да додадат супер завршеток на секоја облека или целосно да ја уништат. Тие исто така можат да ви додадат години, но ако изберете добри додатоци, всушност е можно да го вратите времето и со помош на додатоци да изгледате до 5 години помладо.

Неколку идеи за носење додатоци кои ќе направат да изгледате префинето и младо:

Шапка

Освен што прави да изгледате како дама, може да ве заштити од надворешни влијанија. Во продажба има безброј модели, кои одлично ќе се вклопат со вашиот аутфит.

Очила за сонце

Ќе ги заштити вашите очи од сончевите зраци, а освен тоа ќе изгледате како холивудска ѕвезда. Тие се одличен избор доколку изгледате уморно и не сте имале време да се нашминкате. Она што е важно е да се внимава при изборот на модел, а обликот на очилата да се усогласи со обликот на главата.

Накит

Накитот ќе направат повеќе од половина од работата кога станува збор за вашата облека. Доколку се одлучите за класична облека, без многу детали, накитот ќе направи чуда и ќе го зачини вашиот аутфит. Внимавајте да не претерате кога станува збор за накитот, а имајте ја на ум и познатата реченица „Помалку е повеќе!“.

Чанта

Ако имате добра чанта, сè друго може да застане на задното седиште. Без разлика дали сте некој кој сака да експериментира или некој кој ги сака класиците, пазарот нуди различни модели кои ќе ве воодушеват. Во лето бирајте весели тонови, а за зима оставете ги основните бои како црна и беж.

 

Поврзани статии

Back to top button