ЖивотУбави совети

Лето: Толку многу аларми за внимание кај малите дечиња

Лето, прекрасен период од годината, но не за секого. Посебно не за  најмалите кои се осетливи на сонцето. Црвенило, чешање, осип, меурчиња или болни нодули на кожата се многу непријатна појава кои се појавуваат по првото изложување на кожата на сончева светлина. Ова е еден вид на алергија која е доста опасна во некои случаеви. Досега не е точно утврдено што е тоа што ги предизвикува овие алергиски реакции, но многумина веруваат дека тоа има врска со генетска предиспозиција. Сепак, вештачките  засладувачи, марула, морков, магдонос, целер, смокви, јагоди  можат да бидат причината, и се препорачува избегнување на овие храна за време на изложување на сонце. Првично е најзабележителна кожната реакција веднаш по изложување на сонце која е полиморфна ерупција, која се случува во десет од 15 луѓе кои имаат алергија на сонце. Симптомите се црвен осип во областите каде што кожата е изложена на сонце. Во тој момент за најмалите е најдоброто нешто да бидат тргнати од сончевата изложеност . Чешањето и појава на јазли се втората најчеста реакција на сонцето, и се карактеризира со појава на јазли и ескорации (гребнатини) на изложените делови на телото. Тоа кај најмладите води до неподносливо чешање веднаш по првите зраци на сонцето. Треба да се спомне и фотодерматоза која е доста изразена и личи на сипаници, појава на голем број на плускавци и црвенило и постои можност дури и да остават лузни ако се чешаат. Уртикарија се јавува неколку минути по самата изложеност на сонцето и често се меша со изгореници. Уртикариите се придружени со чешање, црвенило и осип.

Што треба да сториме за да ги заштитиме дечињата и бебињата од овие алергии на сонце?

Посебно внимание треба да се посвети на деликатната кожа на бебиња кои се високо осетливи на сончева светлина. Таа кожа е нежна и тенка. За вашето бебе секогаш користете крема која е со заштитен фактор 50 и која е наменета само за деца, бидејќи содржината на хемиски материи во нив е многу помал отколку во креми и лосиони за возрасни. Мачкајте на секои 2 до 3 часа. Она на што највеќе треба да се внимава е временскиот интервал на изложеност на сонце. Задолжително обезбедете сончева физичка заштита , чадор, тенда или природна сенка и поголема капа која ќе го штити главчето на детето. Поголемо количество на течности поради можност од дехидрација е препорачано да се дава посебно во летниот период. Поголемо количество на витамин Ц е препорачливо да се дава. Исто така да бидеме подготвени и да поседуваме антихистаминик и креми кои се корисни при појава на алергиски и реакции од изгореници.

Алармот треба да биде вклучен доколку детето добие треска, тремор, и се јави повраќање, мора да се јавите на педијатар бидејќи постои опасност дека се работи за сончаница. Исто така внимавајте од убодите од инсектите и тие се опасни во овој период и ќе ги објасниме во нова тема.

Како да реагирате при вакви ситуации кога има појава на изразени алергиски и кожни реакции од сонцето:

– Доколку се појават меурчиња не се обидувајте да ги испукате или стискате туку намачкајте соодветна антихистамиснка или крема за изгореници. Пукајќи ги меурцињата ризикувате да дојде до појава на инфекција.

– масни креми не се погодни, може да се стави стерилна газа на местото на појава на реактивните кожни реакции.

– доколку не можете постојано да го држите детето во сенка, а дечињата сакаат да се насладуваат на капењето задолжително облечете му лесна облека која ќе го заштити и нека е со подолги ракави .

– доколку се појави болка користете препарати против болки за деца
( парацетамол или блокмакс)

Родители вашата задача е да ги штитите соодветно вашите дечиња и доколку приметите влошување на ваквата ситуација да се јавите кај вашиот педијатар. Имајте пријатно лето драги родители.

Д-р. Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар

Поврзани статии

Back to top button