Од васУбави муабети

Лето не доаѓај, рано ми е!

Обично од пријателките, од познаничките и од блиските слушам и гледам дека кога и да се на некоја мака или се презафатени со работа тие слабеат, се сушат ги снемува. Но, затоа јас за себе можам со сигурност да го потврдам спротивното. Кога и да имам некаков проблем дали психички, дали физички, дали кога работам како робот, јас се дебелеам. Луѓе, едноставно јас се подувувам како балон. Каде грешам? Каде е проблемот? Ме мачат тие прашања по цел ден. Лето иде, а ти вака дебелка каде бе, си велам. Пијам води со триста чуда, чорби и некои јадења налик помија искрено да ви кажам и џабе ми е. Се повеќе јас се поправам, а внимавам кога јадам, што јадам ама ете и водата што ја пијам ми се фаќа. И воздухов што го дишам како да ме дебелее. Колку повеќе мислам како да ослабнам, јас потекувам. Се движам секој слободен момент, станувам саат време порано за да имам време пешки до работа да стигнам и се тоа ми е залудно. Не дека ќе ми помогнете па затоа пишувам, туку ете така да си ја олеснам душичкава некако морав. Поздрав, и да знаете се молам летото да задоцни 🙂

  • Испратете и вие свој текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button