ЖивотУбави совети

Ледена торта со малина и ванила!

За 8 лица потребно е:

За сладолед од малини: 3дл слатка павлака, 200гр шеќер, три жолчки, 400гр малини, две чашки мараскино.

За сладолед од ванила: 5дл слатка павлака, 250гр шеќер, четири жолчки, 1 мешунка ванила.

Додатоци: лимонов сок, масло, чоколадни трошки и овошје за украс.

Ставете млеко на ванилата и ги на шпорет. Кога ќе проврие, тргнете ги. Изматете ги жолчките со шеќерот, по малку додавајте млеко и понатаму мешајте на пареа да добиете густ крем. Изладениот крем сипете го во сад за сладолед и оставете да се стврдне. За да не се залепи сладоледот за садот, на дното ставете малку масло и сок од лимон. Полустврднатиот сладолед втиснете го во калапот по сите краеви, така што ќе има иста дебелина. Ставете го во фрижидер сосема да се стврдне.

Во меѓувреме за сладоледот од малини, исто така измешајте жолчки со шеќер, потоа сварете млеко – исто како за предходниот сладолед. Исчистете ги малините, па со ликер, измешајте ги во миксер и додадете ги во изладениот крем. Ставете го во фрижидер да се стврдне и да може да се обликува. На стврднатиот слој од ванилата можете да направите некој украс, да посипете со чоколадни трошки. Сладоледот од малина ставете го врз сладоледот од ванила и со нож израмнете ја површината. Оставете да се замрзне уште половина час. Доколку сладоледот премногу се смрзне и не сака да излезе од калапот, замотајте го во топла крпа. Сладоледот украсете го со овошје. Наздравје!

Поврзани статии

Back to top button