Ладна крем супа за посилен имунитет
За денес подгответе ладна крем супа со грашок.
Потребни состојки: 400гр зелена салата, 250гр грашок, 100гр ориз, 4 главици кромид, коцка за супа, китка магдонос, 3 лажици маслиново масло и сол.
Подготовка: Зелената салата исечкајте ја на резанки. Излупете го кромидот и исечкајте го, па пропржете го 4-5 минути на 2 лажици масло. Додајте ги салатата, грашокот од конзерва, коцката за супа и 2 шолји топла вода. Поклопете го садот и варете ја супата на тивок оган 20 минути. Потоа изблендирајте го целиот зеленчук заедно со течноста така што ќе обиете кремаста смеса. Распоредете ја супата во чинии и оставете да се олади. Во меѓувреме сварете го оризот (околу 12 минути). Исцедете го, зачинете го со масло и исечкан магдонос. Распоредете го во центарот на секоја чинија.
На здравје!