Крцкави кекси од бадеми!
За убав ден, убав десерт!
Потребни состојки: 200гр пченично брашно, 1/2 прашок за печиво, 50гр овесни снегулки, 30гр засладувач за дијабетичари, рендана кора од лимон, 1 јајце, крем за кафе или малку кондензирано млеко, 100гр бадеми (исечени на листови), 100гр мармалад од јагоди.
Од наведените состојки замесете тесто, а на крајот вмешајте половина од бадемите. Тенко развлечете го, па исечете ктугови со дијаметар од 6см. Распоредете ги на плех намачкан со зејтин и попрскан со брашно (уште подобро е на мрсна хартија), премачкајте ги со кремот за кафе или со кондензираното млеко, посипајте го со остатокот од бадемите и печете ги околу 10 минути во загреана рерна на 170-200 степени. Потоа оставете ги кексите да се оладат. Половина од кексите од долната страна премачкајте ги со мармаладот од јагоди, па залепети ги со останатите.
Совет плус: Кексите се одлични и без мармалад. Наместо мармалад во смесата може да ставите и овошје исечкано.