ЖивотУбави совети

Кремасто задоволство: Чорба од праз

Хранлива, вкусна и здрава, чорба од праз е идеален оброк за целото семејство. Празот како храна е идеален за луѓе на диета (бидејќи содржи само 54 калории по дршка), како и за сите оние кои сакаат да го зачуваат своето здравје. Овој зеленчук е богат со витамини, минерали и фитонутриенти. Една дршка содржи дури 54% од дневните потреби за витамин А. Покрај тоа, содржи витамин К, кој го зачувува здравјето на срцето и коските.

Состојки:

1 чаша ореви макадамија
1 коцка за супа
2 стапчиња сецкан праз
6 чешниња лук
1/2 чаша сецкан кромид
2 моркови
1/2 чаша кисела павлака или крем сирење
маслиново масло
сол, бибер по вкус

Загрејте го маслиновото масло, потоа додадете праз, кромид и сецкан лук. Кога ќе порумени, додадете морков, макадамија и коцка за супа. Кога зеленчукот ќе омекне, истурете во блендер и изблендирајте. Вратете се на оган, додадете кисела павлака и варете уште десет минути.

Поврзани статии

Back to top button