ЖивотУбави совети

Кој е најважниот фактор за среќа?

Постојат различни работи кои ни предизвикуваат чувство на среќа, но според експертите од Универзитетот Калифорнија има едно нешто без кое без разлика што друго имаме – не можеме да бидеме среќни. А, тоа е благодарноста.

Ако сакате да бидете среќни едноставно мора да бидете благодарни за сите добри работи кои ги имате во животот, без разлика дали тие се мали или големи.

Професорот по психологија од овој универзитет, Роберт Емонс смета дека благодарноста ги активира мозочните системи кои влијаат поволно на нашата ментална и емоционална добросотојба. А за да ја почувствувате благодарноста, доволно е еднаш неделно, на лист хартија да напишете само пет нешта за кои сте благодарни и кои ви се случиле неодамна. Било што, од убава вечер со партнерот или смеење со пријателите… После некое време практикување на овој метод, ќе сфатите колку многу сте среќни!

Поврзани статии

Back to top button