Која храна најмногу го јакне имунолошкиот систем?
Веќе бројни истражувања докажале дека лошата исхрана е главниот фактор што ја зголемува чувствителноста на телото на болести.
Меѓу продуктите што најмногу му користат на имунолошкиот систем спаѓаат говедското месо, печурките, чајот и јогуртот, па научниците препорачуваат таква храна да се консумира колку што може почесто, но со мера.
Говедското месо е најголем избор на цикн, кој помага во развојот на белите крвни зрнца. Добар извор на цинк се и школките, свинското месо и месото од живина, а на вегетаријанците како извори на цинк им се препорачуваат јогуртот и млекото.
За поздрава кожа, која е првата одбрамбена линија на телото, важно е внесувањето бетакаротин (го има во морковот, тиквата и тиквиците), кој во телото брзо се претвора во Витамин А.
За подобрување на имунитетот најдобри се зелениот и црниот чај.