Убави книги и филмови

Која книга вреди да ја прочитате?

Секоја книга е вредна да се прочита, секоја книга е мало скапоцено богатство. Читајте секогаш и секаде. За денес одбравме три интересни психолошки трилер книги кои ќе ве остават без здив. 

Скриена во најмрачниот агол (Елизабет Хејнс) Прекрасниот, харизматичен и спонтан Ли изгледа премногу совршен за да биде реален. Пријателките на Кетрин очигледно се согласуваат, бидејќи секоја една од нив паѓа на неговиот шарм. Но она што почнува како силна привлечност и страсен секс се претвора во нездрава љубомора и Кетрин сфаќа дека Ли има и една друга, многу помрачна страна. Неговото агресивно и посесивно однесување почнува страшно да ја плаши, но никој не ѝ верува кога таа ќе ги сподели своите стравови. Контролирана во секоја секунда од денот и изолирана од сѐ, скриена во најмрачниот агол од нејзиниот свет, очајната Кетрин прави план за бегство…

Терапија (Себастијан Фицек) Терапија е интелигентен психолошки трилер, брза и луда приказна што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај и ќе остане со вас долго откако ќе ја откриете мистеријата. Нема сведоци, нема траги, нема докази, нема тело. Дванаесетгодишната ќерка на познатиот психијатар Виктор Ларенц, која боледува од необјаснива болест, исчезнува под мистериозни околности за време на посетата на доктор и истрагата за нејзиното исчезнување не носи никакви резултати…

Мали црни лаги (Шерон Болтон) Болтон е мајстор за трилери! Кетрин и Рејчел се пријателки од деца, сродни души, неразделни, не можат една без друга. Сè додека еден момент невнимание од страна на Рејчел не ја остави Кетрин без нејзините сакани синови. Таа веќе не е мајка, таа веќе не е нормална личност; таа е сенка од човек. И нема да се смири сè додека не ја натера Рејчел да плати за сè. Фолкландските Острови се мирно место каде сите меѓусебно се познаваат и убаво си живеат, па кога одеднаш почнуваат да исчезнуваат деца кои сомнително многу личат на починатите синови на Кетрин, населението го фаќа хистерија. Можно ли е меѓу нив да постои монструм кој повредува деца или станува збор за несреќни трагедии?

Поврзани статии

Back to top button