ЖивотУбави совети

Која е најважната и најдобрата одлука во вашиот живот?

Научникот Моран Серф од Нортвестерн Универзитетот со децении го истражувал процесот на донесување на одлуки кај луѓето и како тие влијаат врз нивната среќа. Дошол до заклучок дека среќата нема никаква врска со искуствата и материјалните добра.

Според него, единствената одлука која може да ни гарантира среќа на долг рок е онаа одлука околу тоа со кој го поминуваме нашето време. Всушност, според овој научник оваа одлука е најважната во нашиот живот!

Тој смета дека стануваме такви какви што се луѓето околу нас, па затоа од голема важност е да сме свесни со какви луѓе го поминуваме времето.

Доколку сте опкружени со песимисти кои се исфрустрирани и полни со негативни ставови колку и да мислите дека тоа не влиаје на вас, со тек на време и вие ќе бидете лошо расположени и во вас ќе се трупа огромно количество на негативна енергија. Доколку пак одлучите да бидете во друштво на луѓе кои се насмеани и вие ќе бидете насмеани.

Па, така во зависност од тоа што ви е приоритет во следниот период, одберете ги и луѓето со кои се дружите. На пример, доколку сакате да започнете да спортувате, а немате доволно мотивација дружете се со луѓе кои вежбаат со години. Ако сакате да започнете сопствен бизнис, дружете се со претприемачи.

И секако, избегнувајте ги негативните луѓе!

Поврзани статии

Back to top button