Убави книги и филмови

Колку повеќе читате толку полесен живот ќе живеете

Секогаш имајте време за себе и за добра, интересна и поучна книга.

Животот е роман (Гијом Мисо) За него, сè веќе беше напишано. За неа, сè допрва требаше да се напише. „Еден априлски ден, мојата тригодишна ќеркичка Кери исчезна додека си игравме миженка во нашиот стан во Бруклин“. Така почнува приказната на Флора Конвеј, славната писателка позната по тоа дека се крие од очите на јавноста. Нема објаснување за исчезнувањето на Кери: вратата и прозорците во станот се затворени, камерите поставени во старата зграда во Њујорк немаат забележано некој да провалил. Полициската истрага не дава никакви резултати. Во исто време, на другата страна на Атлантски Океан, еден писател со скршено срце се крие меѓу ѕидовите на една стара, трошна куќа. Само тој го држи в раце решението на оваа мистерија. А Флора ќе го пронајде. Бестселер на кој му нема рамен. Во три чина, преполн со драматични пресврти, новиот роман на Гијом Мисо е величествена приказна за моќта на книгата и за желбата за живот на неговите ликови.

Живот (Ајше Кулин) Во овој роман, Ајше Кулин преку своето писателско перо нѐ поведува на патување низ нејзиниот живот…
Бдеејќи над смртната постела на својот татко, таа се присетува на еден дел од својот животен пат, период од четириесет години по раѓањето во 1941. Спомени во кои е испреплетен ликот на нејзиниот татко како најголема животна потпора, семејните случки, но и политичките превирања и општествената состојба во татковината Турција од 1941 година. Импресивни сеќавања, кои се и тажни, и воодушевувачки. По смртта на нејзиниот татко, како што вели и самата, ниту таа, ниту родната земја не останале исти, преобразени се со сопствени сили, надминувајќи ги своите слабости. 
Ајше Кулин, една од најпопуларните писателки на современата турска книжевност, вешто ги ткае сите тие спомени и ни ги пренесува, гледани низ нејзините очи…

Живот под маски (Хана Филдинг) Млада писателка се заплеткува во забранета љубовна врска со Гитано, полна со тајни, измама и со мрачни страсти. Лето, 1976 година. Луз де Руеда се враќа во својата сакана Шпанија и прифаќа работа како биограф на еден познат уметник. На нејзиниот прв ден во Кадиз, запознава еден волшебен млад Циган по име Леандро, кој во истиот момент го заробува нејзиното срце, иако врските од овој вид се табу. Прогонувана од оваа забранета љубов, го запознава својот нов шеф, софистираниот Андрес де Калдерон. Воздржан, а сепак интригантен, сосема поинаков од Леандро, но на лик – негов двојник. И двајцата мажи во Луз разгоруваат непознати и возбудливи желби, но Луз тукушто треба да ја открие мистеријата и опасноста што ја носат. Луз треба да го открие вистинскиот пат за неа, додека блескавиот Кадиз, со мистичната месечина и со певливите тиркизни брегови ѝ се враќа во крвта. Зошто толку ја привлекуваат дивите и магични Цигани? Што се крие зад старите застрашувачки предвидувања за астролошкиот знак Близнаци? Низ овој лавиринт на тајни и на лаги, дали Луз ќе ја најде својата среќа… или својот крај?
„Љубов под маски“ е приказна за забранета љубов, вистина и доверба. Дали изгледот секогаш лаже?

Поврзани статии

Back to top button