Кои се најчестите родителски грешки?
Lori Petro е едукатор за родители која особено се осврнува на ефективната комуникација, воспоставување емоционална врска низ доверба, емпатија, љубов како и поставување здрави граници со децата.
Како личност дијагностицирана со Аспергеров синдром (што носи дополнителен придизвик за многу родители), во текот на детството наидувала на последиците од т.н. традиционално воспитување (авторитарно) од страна своите родители, кое води кон зголемен срам, страв и вина, наместо кон разбирање и атмосфера во која се гради самодоверба, одговорност, свеснот и љубов. Истото тоа и помогнало понатаму да се ориентира и задлабочи професионално во темите за воспитание, развој, рано детство, родитлски стилови, ефективна комуникација, решавање конфликти… а низ целиот тој процес ја наведува љубовта како клучен двигател.
Дава конкретни совети и зборува за процесот на трансформација на негативните пораки и чувствата на бес, вина, срам и страв – во комуникација богата со разбирање, поддшка, почит и самопочит како кај родителите, така и кај децата.
Ирина Николовска – Психолог, Интегративен и Гешталт советник.