ЖивотУбави совети

Кога вашиот човек ви вели дека сте најубава без шминка – не ве лаже!

Мажите не сакаат многу да зборуваат за облека, ниту за женска ниту за машка. Ретко во машко друштво се зборува за гардероба, а кога се зборува обично по некој дифолт зборуваат за жени со високи потпетици, подвезици и кратки тесни фустани. Но, како минува времето се повеќе истражувања велат дека мажите не сакаат жени на високи потпетици, ниту сакаат нападно нашминкани жени.

Еве што ги привлекува мажите, иако нема никогаш да признаат. Тие ја сакаат својата понежна половина облечена во неговата машка маичка на кратки ракави (толку невино и секси во исто време делува). Заборавете на потпетиците, мажите паѓаат на патики. Зошто? Жените во патиките делуваат повеќе сочувствително и дефинитивно не личат недостапно како жени со потпетици. Кожна јакна (дури и од лажна кожа) е совршена облека. Тоа е совршена комбинација на рокер и секси божица. Понекогаш (всушност, често) се чувствуваме подобро кога ќе го напуштиме домот нашминкани. Што за нас е минус – навистина! Мажите не сакаат дебели слоеви на пудра и кармин. Кога вашиот човек ви вели дека сте најубава без шминка – не ве лаже! Мека, плетена облека е во заштитните инстинкти на мажите. Бројни анкети покажаа дека момчињата паѓаат на таква облека. И тоа не е лошо! Хеланки, хулахопки и тесни панталони кои се припиени на вашето тело им делуваат премногу привлечно и им будат фантазии (дали одоздола има место за долен веш?).

 

 

Поврзани статии

Back to top button