Убави книги и филмови

Книги кои ќе ви откријат нечии судбини и волшебни дестинации

Читањето книги е една убава навика која треба да ја практикувате секојдневно, бидејќи ви го збогатува речникот, ве носи на нови места, ве запознава со нови луѓе и ви открива нешта досега непознати за вас.

Токму затоа, одбравме три книги кои ќе ви ги прошират хоризонтите и ќе натераат уште повеќе да се вљубите во пишаниот збор.

„Изгубени во љубовта“ – Тарин Фишер

Фишер е млада, но доста популарна писателка. Нејзините книги се секогаш пофалени од страна на USA Today и New York Times. Нејзината книга „Изгубени во љубовта“ е романтична приказна за една девојка која повторно се вљубува во нејзиното прве момче кое пати од амнезија. Книгата отвора многу прашања, како на пример дали треба да се даде шанса на поранешната љубов, дали целта ги оправдува средствата… Крими моментите во овој роман го прават уште повозбудлив и нема да го оставите се додека не го дочитате.

„Икигаи“ – Франсеск Мирајлес

Франсеск Мирајлес ја напиша оваа книга во соработка со Ектор Гарсија, кој 12 години живее во Јапонија и проникнал во јапонската култура. Мирајлес со новата книга поворно воодушевува. Имено, „икигаи“ е јапонски израз кој има многу толкувања, но неговата широка дефиниција е причина за живот. И во оваа книга, како и во „Ваби – Саби“, Мирајлес не носи на едно патување во Јапонија за да ни раскаже за тајните на јапонската долговечност и нивните традиции кои нам понекогаш ни се толку чудни и неразбирливи. Мирајлес ќе ви повторува дека и вие може да живеете долг, исполнет и среќен живот.

„Полноќна роза“ – Лусинда Рајли

Ирската писателка со своите книги ги маѓепса жените ширум светот, прекрасно пишувајќи за судбините на нејзините ликови и допирајќи длабоко до читателите. Нејзините книги редовно се на листите на бестселери на New York Times. Книга која на фантастичен начин поврзува неколку ликови и нивните судбини… Книга која на неверојатен начин ги спојува минатото и сегашноста. Во оваа книга, Рајли ќе ве однесе во таинствената Индија, запознавајќи ве со тамошната култура… Ќе ве натера заедно со ликовите да откривате тајни кои години биле чувани и ќе ве запраша дали сте подготвени да ја жртвувате сопствената среќа за другите?

 

Поврзани статии

Back to top button