Убави книги и филмови

Предлог книги за убав ден

Сета наша погрешна сегашност (Елан Мастаи) „Всушност, јас доаѓам од светот што требаше да го имаме. Вам тоа сигурно ништо не ви значи затоа што живеете овде, во овој беден свет што денес го имаме. Но не требаше да биде вака. И сето тоа е моја вина – да, моја, а делумно и на татко ми, а мислам дека малку и на Пенелопи. Не знам како да почнам да го објаснувам сето ова, но….“
„Сета наша погрешна сегашност“ е несекојдневна приказна за неочекувани патувања и алтернативни патеки, семејство, пријателство и љубовта во нејзините најразлични форми и облици.Патување низ времето, но и низ животот на еден човек кој ќе научи кој можел да биде, но можеби никогаш не требало да биде, што на крајот ќе го доведе до кој навистина е.

Последниот сон на Клеопатра (Кристијан Жак) Да биде кралица на осумнаесет години, да сака да ја обнови својата земја, да биде осудена на прогонство од нејзиниот брат кој се самопрогласи за крал, и да умре разочарана, во очај далеку од својата земја: таква беше судбината на Клеопатра. Судбината којашто таа не сакаше да ја прифати. Но, како повторно да ја освои “блескавата Александрија” во еден Ориент фрлен во оган и крв, преку жестока битка која што ја поведуваат Цезар и Помпеја. Токму тогаш, Клеопатра, таа млада жена со исклучителна култура и убавина од која запира здивот ќе го сретне Цезар, освојувач над освојувачите, заводник со неодолива интелегенција и привлечност. Соединети во една луда љубов, највеличествената на светот, тие се залагаат да му го вратат сјајот на Египет. Неа ја води еден луд, до неразумност луд сон: да го воскресне царството на фараоните…

Тајна (Ронда Бирн) Делови од Големата тајна биле откривани низ столетијата во усмената традиција, во литературата, во религиите, како и во филозофиите. За првпат сите делови од Тајната се собрани во ова неверојатно откровение кое ќе го преобрази животот на сите оние кои ќе ја доживеат. Од оваа книга ќе научите како да ја користите Тајната во секој сегмент од вашиот живот: пари, здравје, односи, среќа.. ќе почнете да ја разбирате скриената, непозната моќ што јаи ма во вас, а тоа откровение може да донесе радост во секој аспецт од вашиот живот. Учејќи за Тајната, ќе осознаеш на кој начин можеш да имаш, да бидеш и да го правиш она што ќе го посакаш. Ќе осознаеш кој си, ќе ја осознаеш вистинската величественост на твојата силна волја и што може таа да направи за тебе.

Поврзани статии

Back to top button