Убави книги и филмови

Книги за убав почеток на работната недела!

Секогаш имајте време за себе и за добра, интересна и поучна книга. Колку повеќе читате толку побогат фонд на зборови ќе имате. Колку повеќе читате толку полесен живот ќе живеете!

Тајна (Ронда Брин) Пренесувана била низ столетијата, многумина копнееле по неа, многумина ја криеле, исчезнувала, ја краделе и ја купувале за голема сума пари. Учејќи ја Тајната, ќе осознаеш на кој начин можеш да имаш, да бидеш и да го правиш она што ќе го посакаш. Ќе осознаеш кој си, ќе ја осознаеш вистинската величенственост што те очекува.

Кокаински ноќи (Џејмс Греам Балард) Патописецот Чарлс Прентис оди во Естрелја де Мар за да му помогне на својот брат Френк, кој е во затвор. По пристигнувањето, и по разговорот со пријателите на брат му, Чарлс дознава дека тој, всушност, го признал злосторството и дека не сака да ја одбегне казната. За кратко време, Чарлс се запознава со мрачните тајни на навидум совршените прибежишта на богатите Европејци, кои се формирани на шпанскиот брег. Во тие општествени заедници што потсетуваат на вештачки рај, а кои всушност се тоталитарни и угнетувачки, криминалот е тој што ја обновува животната енегрија на жителите. Чарлс сфаќа што му се случило на неговиот брат…

Пожар (Петре Димовски) Голем пожар ја зафаќа планината. Додека владеат стравот и хаосот, петмина средношколци настојуваат да се извлечат од блокадата на огнот. Родителите по оваа случка сфаќаат колку се оттуѓени и оддалечени и одеднаш стануваат свесни дека нивните животи се претвориле во тајна. Тргнуваат во нивна потрага и во битката со огнот да си ги спасат своите деца забораваат на сите недоразбирања. Соочени со смртната опасност, овие разгалени деца, кои спијат дење и безделничат ноќе, стануваат зрели, сериозни и одговорни во борбата со стихијата.

Поврзани статии

Back to top button