Убави книги и филмови

Ја читате ли Елена Феранте?

Доколку сте љубители на пишаниот збор, сосема мали се шансите да не знаете за Елена Феранте. Таа е италијанска авторка која пишува под псевдоним. Нејзините книги се глобално популарни и се преведуваат на сите светски јазици.

Елена Феранте е авторка на десетина романи, од кои се издвојуваат „Вознемирувачка љубов“ (1992), „Денови на заборав“ (2002), „Загубената ќерка“ (2008), а со светска слава се стекнува токму со првиот од четирите „Неаполски романи“, „Мојата генијална другарка“ (2011).

Феранте останува најголема мистерија во светот на книжевноста. Многумина се обидувале да го откријат нејзиниот идентитет, но никој не е сигурен во своите претпоставки.

Книгите на Елена Фернате ќе ве натераат да читате уште и уште… Тие се мајсторски раскажни, со оригинален стил. Феранте совршено ги доловува приказните на две жени кои растат во машки свет, и сето тоа го прави на екстремно возбудлив и храбар начин.

Во нејзините романи пишува за животите на две пријателки кои живеат и работат во Неапол. На македонски јазик преведени се книгите „Мојата генијална другарка“ и „Приказна за новото време“.

„Мојата генијална другарка“ е приказна која ja раскажува шеесетгодишната Елена која, соочена со мистериозното исчезнување на својата другарка Лила, решава да го овековечи секој детаљ од нивното заедничко минато. Иако нивните патишта, низ животот постојано им се вкрстувале и раскрстувале, овие две дијаметрално спротивни жени сепак остануваат најверни другарки чии судбини се огледуваат една во друга и се прекршуваат. „Приказна за новото презиме“ пак е втора книга од Неаполските романи кои го слават пријателството на двете хероини, Лила и Елена. Во вториот дел, Лила и Елена веќе се тинејџерки кои се откриваат себеси преку темите и ставовите за семејството, политиката, љубовта, верноста…

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button