Клучни совети за исхраната за одржување на совршена тежина
Кога станува збор за здравјето, постојат совети за исхраната кои можат да бидат од голема корист за вас, а кои честопати се занемаруваат или се непознати за многу луѓе.
Исхраната се смета за процес на внесување храна во организмот што ни е потребна за здравје и раст. Современото време ни донесе многу преработена храна, конзервирана храна и фабричко обработена, што во голема мера го смени квалитетот на храната што ја јадеме. За жал, цената на изобилството, во однос на храната, доведе до појава на дебелина и хронични болести низ целиот свет. Дијабетес, хипертензија, срцеви заболувања како и автоимуни болести се нашата реалност.
Затоа што треба да јадеме за да живееме здраво? Ваш избор е што ќе јадете, и во голема мера од тоа зависи колку долго и здраво ќе живеете. Не станува збор само за балансирање на калориите, туку и за разбирање на биохемијата на нашите тела. Не сите калории се исти. И навистина, повеќе од точно е да се каже – дека ние сме она што го јадеме. И во следните редови, откријте клучни совети за исхраната за одржување на совршена тежина и добро здравје:
Хидратацијата е многу важна, најважна! Пијте најмалку 2л вода дневно. Направете си здрава навика и наутро пијте чаша вода со една лажица јаболков оцет. Така ќе се ослободите од маснотиите и ќе добиете сила за целиот ден. Редовното консумирање јаткасти плодови ќе ве држи сити долго време и ќе ја елиминирате потребата од слатки. Доволни се 7 јатки на ден. Незасладените чаеви исто така се доби сојузници во борбата против килограмите. Јадете салати барев со еден оброк во денот. Овошките јадете ги наутро.