Од васУбави муабети

Како залади времево како на луѓево да им замрзнаа и насмевките…

Од кога залади времето како луѓето да ги замрзнаа и насмевките. Секојдневно сретнувам намуртени лица, со скисати фаци. Како целиот свет да им се урнал на глава. Како да е крај на светот искрено да ви кажам се чувствувам. Каде и да се свртам лоши погледи ме прогонуваат. Како среде војна да сме, секој некде брза, секој од некого како да бега. Сите се нервозни, се им смета и секој е настроен на карање. Небаре туѓата среќа нив ќе ги уништи. Сеат намрштени погледи, сеат пцовки и навреди. Во маркет, на улица, во автобус, на семафори, по клинички центри, во кафичи…насекаде само замрзнати луѓе сретнувам. Мака ми е, чудно ми е и тешко по малку да ви кажам. Зошто кога на човека ќе му се насмееш и ќе му го отстапиш местото на кое седиш во автобусот наместо со насмевка и еден збор Благодарам да ти возврати тој со брзина на светилната ќе те истурка, ќе ти се напршти и ќе го трупне газот на оскудното столче како од дома да си г донел, како за него да е резервирано. Ќе пуштиш некој во редот на касата во маркетот и тешко му е барем да ти климне со главата. Правам добро а за возврат не барам ништо, не ми треба ништо од никого, верувајте ми, но насмевка една не чини ништо. Насмевнувајте се луѓе, помагајте си, ти животот е краток, и еден. Не минувајте ги деновите намуртени и нервозни. Ве проколнувам, престанете да ширите омраза и негативна енергија. Насмевнете се, насмевка по насмевка светот се подобрува…

Поврзани статии

Back to top button