ЖивотУбави совети

Како да се преживее понеделникот?

За многумина од нас понеделникот е најомразен ден бидејќи мора да се вратиме на работните обврски по релаксираниот викенд.

Но, не е се така црно. Гледајте ги нештата од другата страна.

Понеделникот е нова шанса за почеток. Шанса за да ги завршиме заостанатите обврски и да имаме малку порелаксирана работна недела.

Ако немавме календари, како ќе знаевме дека денес е понеделник? Можеше да биде вторник или среда, на пример…

Затоа, вдишете длабоко! Наместо да чекате понеделникот да помине, уживајте во него.

Направете си кафе по ваша мерка и испијте го во тишина, на пауза од работа, со исклучен телефон. Секому може да му се испразне батеријата или да нема мрежа, нели?

Почестете се со нешто благо. Торта со вишни или колачиња со цимет се супер идеја. Никој не рече дека со диета мора да започнете од понеделник!

Доколку имате можност, пуштете си го омилените песни додека работите.

На бегање од работа, почестете со некоја ситница затоа што машки сте го издржале овој понеделник. Не мора да биде нешто скапо, доволно е да најдете интересна нијанса на лак за нокти и расположението веднаш ќе ви се поправи.

И дома наместо да се жалите дека е понеделник, дека сте уморни и ви се спие, изгушкајте ги најмилите, оние со кои го делите домот и шепнете им колку сте среќни што ги имате!

Поврзани статии

Back to top button