ЖивотУбави совети

Навечер пред да заспиеме, точно знаеме дали навистина сме среќни…

Ајде малку искрено да си поразговараме и да не се лажеме. Навечер пред да заспиеме, точно знаеме колку навистина сме задоволни и среќни. Колку животот нè исполува, колку сме постигнале на материјален и на емоционален план… Дали сме се потрудиле за убав и достоинствен живот или воопшто не. Дали нешто сме требале да направиме, а не сме направиле… Токму навечер пред заспивање нè мачат тие работи.

Наместо само да размислуваме зошто нешто не сме направиле како што требало, ајде да се фокусираме на иднината. Да направиме нешто важно и добро за самите нас, сега одма, да ја живееме квалитетно сегашноста. Да помогнеме на блиските, а и на самите нас. Да го направиме светот едно поубаво место за живеење. Нашето постоење да не биде залудно. Да оставиме нешто и после нас. Ако секој размислува вака нема да има толку тажни и беспомошни луѓе на планетава. Некогаш тоа што мислиме дека е малку може да биде многу. Капка по капка и се создало езеро, езеро полно среќа!

Поврзани статии

Back to top button