ДомУбави совети

Како да одберете удобна гарнитура за дневната соба?

Гарнитурата за седење е доминантен елемент во секоја дневна соба. Затоа, посветете посебно внимание на нејзината функционалност, но и на материјалите од кои е направена. задолжително е да е направена од материјал кој е пријатен и не поти. Основата или конструкцијата на гарнитурата мора да бидат цврсти и максимално отпорни од механички оштетувања. Обично се изработува од тврдо дрво (даб или бука), метал, медиум или иверица. На декларација проверете ги материјалите од кои е направена, како и издржливоста, бидејќи овие параметри се најважни за производот. Поддржувачкиот слој (делот каде се потпирате) на гарнитурата директно влијае на удобноста. Доколку е мек, од мемори пена и стабилен веројатно ќе е и удобен. Удобниот мебел,во оној кој може да се ужива во моментите на релаксација, има вредности од големо значење за нашето тело и здравје. Флексибилна гарнитура, каде што може да се регулира висината, потпирачот, да се повлечат додатоци за нозе или едноставно целата гарнитура да се трансформира и прилагодува е вистинскиот избор за семејство со неколку членови кои се разликуваат во структурата на телото и возраста, затоа што таквите гарнитури може да се трансформираат за сечии физички потреби.

Поврзани статии

Back to top button