ЖивотУбави совети

Како да ги одржувате белите патики?

Последниве неколку години белите кожени патики се вистински тренд и ги комбинираме со се! Но, грижата за тие секогаш да изгледаат уредно знае да биде тешка!

Ви нудиме неколку совети кои ќе ви помогнат во одржувањето на овие обувки:

Мачкајте ги со боја!

Да, како што има и црна и кафена боја има и бела боја за обувки која може да ја најдете во сите подобро снабдени продавници за кожени патики.

Не ги ставајте во машина за перење!

Белите патики може да се оштетат доколку ги ставите во машина за перење, па дури и на најниска температура. Перете ги рачно, со студена вода и благ детергент.

Лак за нокти може да ви помогне!

Ситните гребнатинки корегирајте ги со бел лак за нокти.

Исто како и алкохолниот оцет!

Темните флеки најлесно ќе ги отстранете со алкохолен оцет кој го имате дома. Натопете парче памучна ткаенина со оцет и истријте ги дамките.

Не ги оставајте на сонце!

Ако ги оставите белите патики на директна сончева светлина тие може да се одлепат или да пожолтат, а тогаш им нема спас!

Поврзани статии

Back to top button