ЖивотУбави совети

Што треба да знаете доколку патувате со авион заедно со вашето бебе?

Доколку мајката и бебето се здрави, бебето може да се вози во авион веќе од третата недела, доколку има неопходност за тоа.

Доколку нема, најдобро би било патувањето да го одложите откако бебето ќе наполни 3 до 4 месеци.

Кога патувате со авион заедно со вашето бебе постојат неколку работи кои треба да ги земете во предвид.

  • Го изложувате вашето малечко на многу бројни бактерии кои се наоѓаат во авионот. Гриповите лесно се пренесуваат поради просторот кој не се проветрува по природен пат. Да го намалите влијанието на бактериите, најдобро е да доите бидејќи така го подобрувате имунитетот.
  • Бебињата се непредвидливи во првите неколку недели од животот, односно не знаете кога и за што би можеле да заплачат. Бидете сигурни дека го распознавате плачот на вашето бебе пред да се качите на авион.
  • За да патува со авион, мајката мора да биде целосна опоравена од чинот на породување. После раѓањето на дете, мајките се изложени на поголем ризик од создавање на тромб, а патувањето со авион само го зголемува ризикот. Затоа за време на летот пијте што повеќе течности и трудете се да ги раздвижете нозете така што ќе тапкате по подот.

И се разбира, пред да резервирате авионски карти задолжително консултирајте со вашиот матичен лекар, со гинекологот и со педијатарот дали вие и вашето малечко можете да патувате со авион.

Поврзани статии

Back to top button