МодаУбави совети

Како да ги комбинирате сукњите оваа есен?

Есента е годишното време во кое секоја жена сака да се чувствува топло, а истовремено и оргинално. Токму овој ефект можете да го добиете комбинирајќи ги впечатливите и слатки сукњи со топли, меки џемпери. во случај да немате инсирација како да комбинирате, ние издвоивме неколку слики кои ќе ви пружат инспирација.

Впечатливо портокаловата и златната боја ќе ви овозможат вистински есенски изглед. Предниот дел од џемперот ставете го во сукњата за да ги потенцирате облините на телото. 

Доколку сакате тесно здолниште, најдобриот начин да ги носите со џемпер е да го затегнете и со каиш за да го потенцирате струкот.

Ако навистина сакате впечатлив секси изглед, со кратка сукња, носете ги вашите омилени чизми над колена. 

Комотен џемпер и миди или плисирано здолниште е полн погодок. Тие се толку удобни и впечатливи, а сепак толку модерни.

Поврзани статии

Back to top button